Кој командува со странските доброволци во Украина?

Сподели со своите пријатели

Наводно, со Меѓународната легија во Украина командува полски криминалец кој испраќа борци во самоубиствени мисии и грабежи. Командантот ги негира сите обвинувања.

Loading...

„Четири месеци легионерите го молеа државниот врв да им помогне, но немаше никаква реакција. И прекршувањата сè уште се случуваат. Ја објавивме статијата за конечно нешто да се случи. Проблемите во армијата мора да се решат сега, за време на војната, бидејќи подоцна може да биде доцна“, вели во интервју за ДВ коавторката на извештајот на „Киев индепендент“, Ана Мироњук.

Украинските весници на англиски објавија напис за Меѓународната легија, која собира странски волонтери во Украина, а е формирана на иницијатива на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Написот се однесува на делот од Легијата кој е подреден на Главниот разузнавачки оддел на украинското Министерство за одбрана и извршува специјални задачи на фронтот во борбата против руската инвазија.

Обвинувања против полскиот командант

Обвинувањата изнесени во весникот се однесуваат на еден од командантите на Легијата, 60-годишен Полјак чие име во весникот е Саша Кучински.

Меѓутоа, истражувањето на новинарот довело до човекот кој стои зад прекарот „Саша“ – тоа е полскиот државјанин Пјотр Капушчински.

На јавноста и е познато дека тој бил вмешан во судењето на една од најголемите криминални банди во Полска, таканаречената „прушковска банда“.

Во 2000 година, полските истражни органи го обвинија Пјотр Капушчински, кој во тоа време го имаше прекарот „Барт“, за 71 кривично дело, меѓу кои и едно киднапирање.

Loading...

Но, во 2009 година, истражната постапка беше прекината и тој доби статус на „крунски сведок“.

Врз основа на неговото сведочење, девет членови на бандата беа осудени, пишуваше тогаш полскиот дневен печат.

Подоцна Капушчински беше осомничен и за други кривични дела, па во 2020 година го загуби статусот на привилегиран сведок.

Во напис на полски весник, кој се повикува на полското државно правобранителство, се наведува дека Капушчински со години мешал „вистина и фикција“, па многу од неговите изјави не се потврдени.

Во тоа време со години живеел во Украина.

А во таа земја, според државната евиденција на судските протоколи, од април 2017 година во Ивано-Франковск е осомничен за грабеж и сексуално насилство.

Во ноември 2017 година, судот во Варшава побара екстрадиција на Капушчински, бидејќи тој беше осуден на три години затвор во Полска.

Но, судството во украински Галич најпрво сакаше да ја испита можноста за започнување на сопствена правна постапка против него. Се одолговлекуваше.

Loading...

Украинската полиција минатата година му пронашла пиштол во автомобилот, тој бил уапсен, но платил кауција и бил ослободен.

Во мај 2022 година, истрагата за грабеж и сексуално насилство беше прекината во Галиќ.

Државниот обвинител Ихор Тјушко за ДВ изјави дека причината е неговата служба во украинската армија.

Насилство, грабежи, неподготвени постапки

Воениот рок не го подобри карактерот на Капушчински, велат новинарите на „Киев индепендент“.

Го обвинуваат за сексуално вознемирување на лекар во Легија. Покрај тоа, тој ги принудил странските доброволци да ограбат стоковна куќа на почетокот на јуни за време на борбите за Северодонецк и Лисичанск во Донбас.

Легионерите тврдат дека Капушчински ги испратил неподготвени во воени операции.

Пример е единицата на доброволци од Бразил која во битките за Северодонецк прво била изложена на оган од сопствената артилерија, а потоа со денови била изложена на непријателски оган без храна, вода и можност за евакуација.

Новинарите му се јавиле на телефон за да реагира Капушчински на обвинувањата, а тој рече дека тие треба да се испратат до правосудните органи, бидејќи немал време да разговара.

Loading...

„И потоа ја спушти слушалката“, рече Ана Мироњук.

ДВ се обидел да воспостави контакт со него преку неговиот адвокат Петар Шкварко, кој го застапувал во Галиќ.

Капушчински во интервју за ДВ потврди дека е командант во Меѓународната легија и дека има криминално минато, како и дека бил „крунски сведок“.

„Работев за мафијата. Крадев, продавав кокаин, имаше многу“, рече Капушчински и додаде дека нема офицерски чин во украинската армија и покрај фотографиите на кои има полковнички еполети, бидејќи според украинскиот закон, странец не може да има чин повисок од помлад наредник.

Истовремено, тој нагласи дека со години работи за полската тајна служба.

„Новинарите разговараа со дезертери“

„Иако многу луѓе ја знаат мојата биографија, јас сум почитуван во Легијата. Затоа мојот пријател едноставно ги залепи на мојата униформа еполетите на полковникот. Во Легијата офицерскиот чин не игра никаква улога, со оглед на тоа што овде добро живееме заедно и се бориме заедно“, објасни Капушчински.

Loading...

Тој ги отфрла сите обвинувања што му се упатени во весниците и тврди дека новинарите разговарале со дезертерите кои го напуштиле бојното поле кај Северодонецк.

„Во време на војна такви луѓе се стрелани. Но, Украина е либерална земја. Ги испратив со автобус во Киев, им го одзедов оружјето и воените легитимации. Тие беа протерани од Легијата. Тоа беше група Колумбијци. Се пожалија во военото обвинителство“, вели Капушчински.

Тој додава дека потоа го сослушале него и другите војници, но не констатирале никакви прекршоци.

Во врска со стоковната куќа во Лисичанск, Капушчински тврди дека имал дозвола од сопственикот да ја земе робата што му била потребна на неговата единица.

Одделот за односи со јавноста на синџирот за продажба на техничка стока Комфи потврди дека дозволил одземање на стоката.

Loading...

ДВ се обиде да добие изјава од надлежното министерство за статусот на Пјотр Капушчински и резултатот од разгледувањето на претставките против него.

Но, претставникот на надлежната институција Андиј Јусов не нашол време да одговори на тие прашања.

Истите прашања ги игнорирала и претставничката на претседателот за одбрана на земјата, Аљона Вербик.

И службата за односи со јавноста на Легијата, која е подредена на копнените сили на Украина, даде изјава дека одделот за разузнавање на Министерството за одбрана не е одговорен за Легијата.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА. 

Loading...