Кој ги проследил тајните протоколи за Буча? Бундестагот го бара предавникот во своите редови

Сподели со своите пријатели

Германскиот Бундестаг бара „предавник“ кој до медиумите проследил тајни протоколи за злосторството во украинскиот Буча.

Loading...

Според пишувањето на „Фокус“, претседателката на Комисијата за одбрана, Мари Агнес Штрак Цимерман, поднела кривична пријава за оддавање државна тајна против непознати лица кои од строго доверлива седница пренесувале информации до медиумите.

 

Еве што рече австрискиот канцелар за неговата средба со Путин

 

Станува збор за протоколи за прислушување, кои според германските експерти ја докажуваат одговорноста на руските војници за масакрот на украинското население во Буча.

Во собирањето податоци биле вклучени и две странски партнерски служби, кои сега стравуваат за доверливоста на дадените информации.

Германската служба БНД пресретнала комуникација во руската армија и го документирала деталното убивање на украински цивили.

Loading...

 

Еве што рече австрискиот канцелар за неговата средба со Путин

 

Според тие протоколи, руските војници се фалеле со убиство на постар Украинец кој возел велосипед, но зборувале и за брутални методи на злоупотреба.

Исто така, протоколот докажува дека полицајците наредиле ѕверства врз цивили за да предизвикаат страв.

БНД минатата недела ги достави своите протоколи до надлежното собраниско контролно тело, а копии беа проследени до Комисијата за одбрана и Комисијата за надворешни работи.

Се смета дека во тие комитети треба да има „предавник“, тој што давал строго доверливи информации.

 

Loading...

Еве што рече австрискиот канцелар за неговата средба со Путин

 

Откако германските медиуми ја објавија веста за прислушувањето, руската армија ги исклучи следените комуникациски канали.

Круговите на НАТО критикуваат дека протекувањето во Бундестагот предизвикало штета, бидејќи идниот пристап до руските воени информации бил затворен.