Кои се земјите каде живеат најсреќните деца?

Сподели со своите пријатели

Меѓународниот детски фонд УНИЦЕФ се залага за правата на децата во сите земји во светот. Тие редовно објавуваат извештаи за квалитетот на детството, школувањето на децата, еднаквоста на образованието и здравјето и благосостојбата на децата за да разберат каде има потреба од интервенција.

Loading...

Се покажа дека живеењето во богата нација не е гаранција за среќа. Дури и пред кризата со коронавирусот да создаде поголеми поделби, секојдневниот живот на милиони деца во најбогатите земји бил далеку од доброто детство.

Без оглед на богатството на одделни земји, подобри здравствени и образовни системи не биле гаранција за среќа. Многу деца страдаат од стрес, анксиозност и депресија, заостануваат зад своите врсници во училиште и се физички болни.

Исто така, според новото истражување на УНИЦЕФ, дури и земјите со најдобри перформанси имаат простор за значително подобрување кога станува збор за обезбедување на благосостојба на децата.

Најновиот извештај на УНИЦЕФ рангираше 41 земја во однос на три главни категории: ментална благосостојба, која опфаќа задоволство од животот и стапки на самоубиства; физичко здравје, вклучително и детска дебелина и стапка на смртност; и вештини, и академски и социјални.

 

 

Loading...

Генерално, Холандија, Данска и Норвешка ги зазедоа првите три места.

Следат Швајцарија, Финска, Шпанија, Франција, Белгија, Словенија и Шведска, а Хрватска е на многу високо 11-то место. По Хрватска следуваат Ирска, Луксембург и Германија.

 

 

Но, ситуацијата е нешто поинаква кога ќе се забележи задоволството на децата од сопствениот живот.

Имено, истражувачите прашале 15-годишници колку се задоволни од животот на скала од 0 до 10. Во сите земји, повеќето деца биле разумно задоволни од својот живот, освојувајќи пет или повеќе поени. Сепак, и овој пат Холандија го зазеде првото место, но веднаш зад неа, на изненадување на многумина, беа Мексико, Романија, Финска и Хрватска.

Извештајот предупредува дека иако е охрабрувачки тоа што многу деца се задоволни со својот живот, сепак има многу кои не се.

Loading...

Во 12 од 41 земја, помалку од три четвртини од 15-годишниците биле исклучително задоволни од животот, според Светскиот економски форум.

Самоубиството е една од најчестите причини за смрт кај адолесцентите на возраст од 15 до 19 години, а во табелата подолу е можно да се види стапката на самоубиства во одделни земји.

 

 

Исто така, многу млади страдаат од недостаток на самодоверба и погрешен поглед на сопственото тело.


Leave a Reply