60 роботи „управуваат“ со големиот магацин на „Алибаба“ во Кина, компанијата која стои зад онлајн продавницата Али Експрес, а нивното воведување ја зголемило продуктивноста за дури 300 проценти.
Loading...
Кога некој нарачува еден од производите преку веб-страницата на компанијата, роботот го лоцира во магацинот и потоа оди да го земе од една од 32.300 полици во магацинот.
Потоа, роботот им ја носи пронајдената стока на луѓето, кои ја пакуват и ја испраќаат на адресата на клиентот.
Секој робот е способен да носи до 500 килограми товар и е опремен со ласерски систем што спречува да се судри со други роботи и други предмети.
И кога ќе му се потроши батеријата, тој самиот оди кај полначот.