Кобахиџе: И покрај окупацијата на 20 отсто од нашата територија, имаме прагматичен однос со Москва

Сподели со своите пријатели

Грузискиот премиер Иракли Кобахиџе денеска изјави дека Грузија има „мирен и прагматичен пристап во односите со Русија“, и покрај тоа што таа земја окупира 20 отсто од грузиската територија.

Loading...

„Имаме мирољубива визија во нашиот пристап кон Русија. Околу 20 отсто од нашата територија е под окупација на Руската Федерација, па дури и под тие услови, ние одиме по многу мирен и прагматичен пат“, рече тој на Форумот за дипломатија во Анталија, пренесува Грузија тудеј.

Конахидзе истакна дека, иако Грузија не одржува дипломатски односи со Русија, таа продолжува со интензивна економска политика и одржува трговски партнерства со таа земја.

„Грузија е мала земја во регионот со широка мрежа на договори за слободна трговија, која опфаќа околу 50 земји и региони, вклучувајќи ги ЕУ, земјите од ЗНД, ОАЕ и Кина. Играме стратешка улога, поврзувајќи ја Европа со Азија и Западот со Истокот – не само економски, туку и во други области. За да ја вратиме оваа функција, мора да го продлабочиме нашето економско и политичко партнерство“, рече Коба.

Тој посочи дека улогата на Грузија во Јужен Кавказ отсекогаш била позитивна во промовирањето на мирот и дека сите соседни земји го препознаваат и го ценат овој придонес.

„Оваа визија функционира. Од 2021 година, нашата просечна стапка на економски раст е 9,4 отсто, што е висока не само за регионот, туку и за Европа. Затоа сме фокусирани на овој пат и на зајакнување на форматот на мирот во целиот регион“, заклучи тој, јави Танјуг.