Џорџa Мелони денеска изјави дека нејзината десничарска коалиција побарала од италијанскиот претседател Серџо Матарела да ја номинира за премиер на Италија врз основа на нејзината победа на изборите на 25 септември.
Loading...
„Подготвени сме да формираме нова влада што е можно поскоро“, рече Мелони по консултациите на коалицијата со Матарела.
Во коалицијата со партијата Браќа на Италија на Мелони се Форца Италија на поранешниот премиер Силвио Берлускони и Северната лига на Матео Салвини.
Мелони би можела да го претстави својот предлог за нови членови на владата подоцна денеска, а доколку Матарела одобри, министрите би можеле да положат заклетва во текот на викендот.