Клубот ”Вело – М” со доминантна победа на државно првенство во друмски велосипедизам

Сподели со своите пријатели

Во Куманово во текот на вчерашниот ден се одржа државно првенство во велосипедизам – друмско на релација Куманово – Кратово – Жгури и обратно, под покровителство на Градоначалникот и Совет на Општина Куманово, а во организација на: Велосипедски клуб ВЕЛО-М Куманово, Велосипедска федерација на Македонија и Општински сојуз на спортови Куманово.

Loading...

20150628_100401

На трката учествуваа најдобри велосипедски клубови и велосипедисти од Македонија.

Старт и цел на трката беше пред рекреативниот спортски центар Кеј Куманово. Трката отпочна во 10 часот, а заврши со пристигнувањето на целта на велосипедистите во 14 часот.

Трката ја отвори Претседателот на Општинскиот сојуз на спортови Куманово, Сашо Петрушевски со давање на сигнален знак со знаме за отпочнување на трката, по кое се постигнати следниве резултати:

Во конкуренцита сениори-елит, првото место му припадна на Стефан Петровски, второ на Никола Ѓукиќ и трето место на Предраг Димевски, сите велосипедисти од клубот ВК ВЕЛО-М Куманово

Во конкуренција јуниори, прво место  зема Денис Колевски – ВК ВЕЛО-М Куманово, второ место Драган Цветковски од клубот МВК Велес, додека третото место му припадна на Кристијан Николовски истотака од МВК Велес

Во конкуренција на кадети победник е Кристијан Ванчевски – МВК Велес, во конкуренција на мастерс победник е Зоран Ристовски – ВК ВЕЛО-М Куманово, додека во женска конкуренција победничка е Анета Антовска ВК Енерџи Скопје.

Loading...

Од самите резултати се гледа доминацијата на кумановскиот велосипедски клуб ВЕЛО-М Куманово, кој и оваа година цврсто чекори кон освојувањето на државното првенство.

Според изјавата на спортскиот Директор на ВЕЛО-М, Марјан Петровски, победниците во категоријата сениори-елит се стекнуваат со бодови за Светската ранг листа – ЕУРОП-Тур.

На вчерашната трка, од  Јужно – афричка република дојде и велосипедистот Предраг Димовски кој постигна забележителен резултат и го даде својот допринос за подигање на неговото бодовното салдо.