Кошаркарите и стручниот штаб на КК Куманово се негативни на направениот тест на коронавирусот.
Тестирањето следуваше откако Куманово минатиот викенд одигра пријателски натпревар во Работнички, а кој на почетокот на оваа недела објави дека има еден позитивен случај на ковид-19 во своите редови.
Стравот дека може да се прошири вирусот и во останатите клубови, а со тоа да се искомплицира стартот на новата сезона закажана за почетокот на октомври, ги натера останатите екипи да преземат мерки и да се тестираат.
Во Куманово нема позитивни случаи, па засега и нема најава за пролонгирање на стартот на сезоната.
Сега останува Куманово да се подготвува за новата сезона, каде за прв противник го има составот на ТФТ.
Никола Ивановски