КК Куманово ја продолжува натпреварувачката сезона (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Кошаркарките на Куманово утре го стартуваат вториот дел од сезоната во домашното првенство, а на домашен терен противник ќе им биде составот на Гостивар.

Loading...

Деновиве активно се подготвуваат и очекуваат значително подобри резултати од првиот дел.

 

 

Како што рече тренерот Владимир Мирковски, клубот доби големо засилување под обрачите со враќањето на Александар Андрејевиќ и тренинзите се одвиваат активно по празниците.

– Ние се собравме на осми продолживме нормално со тренинзи, но пандемијата не нѐ заобиколи, неколку кошаркари беа позитивни на коронавирусот, моравме да заминеме во изолација, така да еве овие неколку тренинзи сме комплетни и колку толку успеавме да се подготвиме за тренингот со Гостивар кај што се надевам дека ќе дадеме максимум и ќе се покажеме во најдобро светло, изјави тренерот Мирковски.

 

Loading...

 

Мирковски вели дека следува тежок распоред на натпревари, но очекуваат подобри резултати од првиот дел од сезоната.

– Колку толку успеавме да се консолидираме во месец ноември, од четири натпревари успеавме да добиеме три каде фативме приклучок во горниот дел од табелата. Во овој период ни следи тежок распоред, игравме со Гостивар дома, со ТФТ на гости, па играме со МЗТ, Пелистер и ФМП каде се надеваме дека би оствариле позитивен скор на неколку од тие натпревари па би се избориле прво за топ шест, па понатаму и за топ четири, изјави тренерот.

 

 

Слични очекувања има и капитенот на клубот Ѓорѓи Георгиевски, кој вели дека се работи со полна пареа на поготовките по празниците.

Loading...

– Работиме доста силно, сакаме да ги оправдаме очекувањата кои се за оваа сезона. Почнавме со мали нестабилности и во клубот и со резултатите, но се надевам дека ќе го дадеме максимумот, јас верувам во тоа, имаме квалитет секако и верувам дека ќе ги оствариме очекувањата кои ја имаат љубителите на кошарката и љубителите на нашиот клуб, изјави Георгиевски.

 

 

Според капитенот, клубот има шанси да се корегира во однос на првиот дел и да влезе во најдобрите шест екипи сезонава.

– Јас мислам дека имаме уште шанси бидејќи започнавме многу лоши, имаме уште шанси да се вратиме и да бидеме во топ шест екипите во Македонија и мислам дека ќе влеземе во плеј офот и ќе се бориме се до крај, рече Георгиевски.

 

Loading...

 

Инаку КК Куманово започна со лоша финансиска состојба во почетокот што се одрази и на самиот резултат во натпреварите. Но, откако тој проблем се надмина, во клубот дојдоа неколку засилувања и беа остварени неколку победи.

 

 

Моментално пред утрешниот натпревар, кумановци имаат скор од четири победи и осум загубени натпревари, додека нивниот противник Гостивар има седум победи од 12те одиграни кола.

Loading...

 

 

Утрешниот меч ќе се одигра со почеток во 18 часот во спортската сала на СОУ „Перо Наков“.

 

Loading...

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

 

Loading...

Никола Ивановски / Стефан Младеновски