Откако Кошаркарскиот клуб Куманово не доби покана да учествува во АБА лигата како второпласирана екипа во домашното првенство, а истата ја доби Карпош Соколи, реакција пристигна од управата на клуб, од каде велат дека се разочарани и изненадени од состојбата и одлуките на кошаркарската федерација.
КК „Куманово 2009„ реагира до МКФ на одлуката на АБА Лигата за непочитувањето на спортските резултати и достигнувања на КК Куманово во минатата сезона. Иако Куманово заврши на второ место, изненадени сме од одлуката со која вице-шампионот не доби покана од АБА лигата, а се дава предност на друга екипа. Со што се суспендираат резултатите постигнати минатата година во домашното првенство.
Исто така реагираме хаосот во однос на организирање на домашното првнество.Два месеци пред отпочнување на напреварите во прва македонска лига нема комесар за натпреварување кои треба да го организира самата лига. Не знаеме колку екипи ќе учествуваат и по кој систем ќе се одвива.
Затоа апелираме за што поскоро средување на состојбите во кошарката, за да се даде можност управите на клубовите да ја профилираат екипата зависно од степенот и системот на натпреварувањето.