Ќерка на поранешен најозогласен нацист работела за германската тајна служба

Сподели со своите пријатели

Хајнрих Химлер (германски: Heinrich Luitpold Himmler 7 октомври 1900 – 23 мај 1945) — главниот заповедник на нацистичката паравоена организација Ес-Ес (Schutzstaffel, SS, Шуцштафел) и еден од најмоќните луѓе во Нацистичка Германија, втор по моќ, зад Адолф Хитлер, во хиерархијата на Нацистичката партија.

Како рајхсфирер (Reichsführer, Царски водач) на СС, управувал со СС и Гестапо. Како основач и главен управувач со нацистичките концентрациони логори и одредите на смртта Ајнзацгрупен (Einsatzgruppen), Химлер ја имал главната одговорност за истребувањето на „подлуѓето“ кои биле недостојни за живот.

 

Loading...

 

Кратко пред крајот на војната, тој понудил да ја предаде цела Германија на сојузниците, ако го поштедат од судење како нацистички водач.

Подоцна во 1945, Химлер извршил самоубиство со цијанид кога станал заробеник на британската армија откако Германија ја загубила Втората светска војна.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Денеска е Ѓурѓовден – празник на будење на природата

Pages: 1 2

Leave a Reply