Ќе добие ли Куманово конечно социјални станови? (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

„Владата е силно решена за решавање на станбеното прашање на најранливите категории граѓани“ најави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески по средбата со директорот на АД за стопанисување со станбен и деловен простор Христијан Трајковски кон крајот на ноември минатата година.

Притоа најави дека во следниот период ќе бидат изградени вкупно 467 социјални станови во Скопје, Пехчево, Свети Николе, Виница и Пробиштип, но тогаш никаде не го спомена Куманово.

Сепак при неговата последна посета на Куманово, Сугарески одговарајќи на новинарско прашање рече дека Куманово сигурно ќе биде опфатено, меѓутоа бргу акцент на одговорот стави на начинот како тие ќе се распределуваат.

– Сигурно и Куманово ќе биде опфатен во тој дел. Меѓутоа сакам еден друг момент да опфатам во оваа ваше поставено прашање многу е битно начинот на распределба и критериумите коишто Министерството за труд и социјална политика ќе ги направи се со цел доделување на тие социјални станови и да не се доведуваме во ситуација луѓе изигрувајќи ги законските прописи во Република Македонија да добиваат станови, а не оние најранливи категории на граѓани. Апсолутно стоиме на тоа дека ќе градиме социјални станови, тоа е во тек и во планот на Јавното пратпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор е предвидено во нивната програма и нивната програма, но пак ќе кажам многу е важно врз база на огласите кои што ќе бидат објавени на кој начин ќе биде извршена распределбата, тоа за мене во суштина е најбитно, рече Сугарески.

Loading...

И во 2015 година Куманово беше изоставено од планот за изградба на социјални станови, иако е најголема општина и има реална потреба од нив. Во јануари 2014. година беше ветено дека ќе бидат изградени 60 станови во два објекти во касарната во населбата Бедиње, меѓутоа на тој простор изникнаа приватни згради, а Куманово се уште нема ниту еден социјален стан.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец го нападнал својот син, полицијата го привела

Leave a Reply