Китаровиќ: Вучуќ со кој разговарав беше европски Вучиќ

Сподели со своите пријатели

Хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ изрази вечерва задоволство што за време на посетата од страна на српскиот колега Александар Вучиќ, постигнат е исчекор во намерите да се решат преостанатите прашања од неодамното минато.

Таа во Дневник на загребската ТВ НОВА рекла дека од претседателот на Србија не побарала никакви ветувања, ниту од него очекувала извинување.

– Вучиќ со кој јас разговарав е европски Вулиќ. Апсолутно и дефинитивно. Разговаравме како да помогнеме на нашите народи и држави. Извинувањата понекогаш можат да бидат само на зборови. Ние имавме извинувања и во минатото, со што резултираа тие? Важни се далата и она што ќе се направи. Важно е тоа што Вучиќ ќе го направи за Хрватите во Србија, правата кои тие ги бараат со децении. Се радувам на моментот кога ќе можеме да потврдиме нивни политички и други барања како исполнети, рекла Колинда грабар Китаровиќ.

Таа ги отвфрлила тврдењата дека до средбата дошло поради притисок на меѓународната заедница и најави дека во посета на Србија најверојатно ќе дојде за неколку месеци.

По повод извинувањата, за кои доста се пишувале во хрватските медиуми воочи доаѓањето на Вучиќ, таа рекла дека извинувањата се лични работи и не сака да ги коментира.


Leave a Reply