Кисинџер: Украина станува земја со најдобро оружје во Европа и најмалку искусно раководство

Сподели со своите пријатели

Украина треба да биде примена во НАТО бидејќи станува земја со најдобро оружје во Европа и најмалку искусно лидерство, изјави поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер во интервју за Економист.

Loading...

„Она што сега го зборуваат Европејците, според мене, е неверојатно опасно. Европејците велат дека не ги сакаат во НАТО затоа што се премногу ризични, но добро ќе ги вооружат и ќе им го дадат најдоброто оружје. Сега ја вооруживме Украина до тој степен што ќе стане најдобро вооружената земја со најмалку стратегиски искусно лидерство во Европа“, рече Кисинџер.

Тој верува дека конфликтот меѓу Русија и Украина ќе заврши приближно на истите позиции што ги имаа пред 24 февруари 2022 година и стравува дека Украина подоцна може да се обиде да ги врати териториите контролирани од Русија од 2014 година со воени средства.

Кисинџер посочи дека светот ќе добие „незадоволна Русија, но и незадоволна Украина, доколку специјалната операција не заврши во корист на Москва“.

Хенри Кисинџер додаде дека Западот може да разгледа две опции за да обезбеди мир во Европа.

Прво, да се прими Украина во НАТО, второ да се иницира зближување со Русија за да се создаде стабилна граница во источниот дел на регионот.

„За доброто на европската безбедност, подобро е да ја имаме Украина во НАТО, каде што не може да одлучува за територијални претензии на национално ниво“, заклучил поранешниот државен секретар на САД, пренесува Спутник.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...