Кирацовски: Ден по инцидентот во Куманово, 2,6 милиони евра за Сител, Канал 5 и Алфа (видео)

Сподели со своите пријатели

Дополнителниот заменик министер за информатичко општество и администрација, Александар Кирацовски денеска на прес конференција соопшти дека националните телевизии Сител, Канал 5, и Алфа по акцијата во Диво Насеље од Владата заработиле 2,6 милиони евра.

Кирацовски вели дека парите легнале на сметките на телевизиите првиот работен ден по немилион настан, односно на 11-ти мај во понеделник.

На сметката на телевизија Сител, на 11 мај, власта на Груевски, префрлила над 930.000 евра, на сметката на телевизија Алфа, на 11 мај, власта на Груевски префрлила над 930.000 евра, на сметката на телевизија Канал 5, на 11 мај, власта на Груевски префрлила над 820.000 евра, или, власта на Никола Груевски на 11 мај префрлила на Сител, Алфа и Канал 5 над 2.600.000 евра – изјави Кирацовски.

Тој прашува што плаќала владата во овие телевизии со народни пари?

Како веднаш по трагичниот инцидент во Куманово на 9 мај, додека семествата на загинатите полицајци беа во огромна болка, додека стотици семејства лелекаа по срушените домови, додека јавноста во Македонија се прашуваше што `и се случува, Никола Груевски прво на што мислел биле милионите евра народни пари за Сител, Алфа и Канал 5? – прашува дополнителниот заменик министер.

cats321

Loading...

 

Тој додаде дека овие медиуми оркестрирано ги лажеле граѓаните за дестабилизацијата на Македонија, иако информациите подоцна откриле вмешаност на високи владини функционери во случајот.