Кина, во која помина епидемијата на коронавирус, презеде нови мерки за да ги спречи асимптоматските носители на вирусот да предизвикаат втор бран на инфекција.
Иако бројот на новозаразени опадна од својот врв во февруари, кога Кина изолираше неколку градови, властите повикуваат на континуирана претпазливост во однос на стравувањата од нов бран на зараза.
Како Нов Зеланд го победи коронавирусот?
Од 63 нови случаи, 61 се патници кои доаѓаат во Кина од странство.
Покрај увезените случаи, кинеските власти се занимаваат и со асимптоматски случаи, луѓе кои носат вирус и немаат клинички симптоми како што се треска или кашлица.
Во средата се пријавени 56 нови асимптоматски случаи, така што вкупниот број на вакви случаи, наречени „премолчени преносители“ од кинеските медиуми, се искачи на 657, пренесува Ројтерс.
Германците „ги кодошат“ соседите во полиција поради коронавирусот
Како резултат на тоа, донесени се нови мерки. Здравствените установи мора да ги пријават асимптоматски случаи во рок од два часа од откривањето. Локалните самоуправи тогаш мора да ги идентификуваат сите познати блиски контакти во рок од 24 часа.
Асимптоматските пациенти ќе бидат сместени во колективен карантин 14 дена и ќе се сметаат за потврдени случаи доколку започнат да покажуваат симптоми. Исто така, двонеделниот карантин ќе ги вклучува и нивните блиски контакти.
Нова функција се појави на мобилната платформа WeChat на почетокот на неделата, дозволувајќи им на луѓето да проверат дали некогаш седеле на воз или авион покрај асимптоматскиот носач на вирусот што подоцна станал потврден случај.
Држави во кои досега нема регистрирани случаи на коронавирус
Кинеските здравствени власти претходно предупредуваа дека околу две третини од асимптоматските пациенти подоцна ќе развијат симптоми на коронарнавирусот.