Кина и Јапонија согласни за потребата од подобрување на односите

Сподели со своите пријатели

Кинескиот претседател Си Џинпинг и јапонскиот премиер Фумио Кишида денеска се согласија дека е важно билатералните односи да се развиваат во позитивна насока, во разговорот во кој двајцата лидери одбележаа 50 години од нормализацијата на дипломатските односи меѓу двете земји, во моментов оптоварени со тензии, пренесува Ројтерс.

Loading...

Во телефонски разговор, Си му рекол на Кишида дека придава „големо значење“ на развојот на кинеско-јапонските односи и дека е подготвен да работи со својот јапонски колега за нивно подобрување, објави кинеската државна телевизија.

Во пораката прочитана на приемот во Токио по повод нормализацијата, Кишида рече дека билатералните односи меѓу Кина и Јапонија во моментов се соочуваат со „многу прашања и предизвици“ и дека се надева дека тие ќе го отворат патот за „нова иднина“.

„Јапонија и Кина споделуваат голема одговорност за одржување на мирот и просперитетот во регионот и светот“, нагласи Кишида во својата порака до Си.

Тој исто така рече дека во следните 50 години се надева на „конструктивни и стабилни односи меѓу Јапонија и Кина“ и дека тој и Си „ќе работат заедно за да ги изградат и да ја постигнат таа цел“.

Врските меѓу Кина и Јапонија, втората и третата по големина светска економија, долго време се затегнати поради несогласувањата, аспирациите за регионално влијание и наследството од јапонската окупација на делови од Кина за време на Втората светска војна, според Ројтерс.

Тензиите се зголемија минатиот месец по посетата на Тајван на Ненси Пелоси, претседателка на Претставничкиот дом на САД, кога Пекинг лансираше проектили во близина на островот за кој тврди дека и во ексклузивната економска зона на Јапонија.