Социјалната мрежа X (поранешен Твитер) во сопственост на Илон Маск е блокирана во неколку земји низ светот.
Беше блокиран во Кина, Иран и Туркменистан кога се викаше Твитер, а годинава беше блокиран и во Венецуела, Бразил и Пакистан.
Освен во овие земји, X е забранет и во Русија, Мјанмар и Северна Кореја.
Додека повеќето од овие земји им забранија на своите граѓани пристап до мрежата, Бразил отиде еден чекор понатаму.
Бразил ќе ги казни оние кои ќе се обидат да пристапат до X
На крајот на август, бразилскиот Врховен суд нареди „итна суспензија“ на платформата Х во земјата, откако истече рокот на милијардерот Илон Маск да назначи правен застапник за платформата во Бразил.
Во одлуката, Мораес нареди „целосна и итна суспензија“ на X во земјата додека платформата не се усогласи со сите претходни судски пресуди, вклучително и парична казна од 3,28 милиони долари и назначување правен застапник во Бразил.
Мораес, исто така, рече дека поединци или компании кои ќе се обидат да добијат пристап до X ќе бидат казнети.
Претходно оваа година, Мораес му нареди на X да блокира одредени сметки вклучени во лажни вести и говор на омраза.