Еден малолетник бил затекнат викендов при контрола на угостителски објекти во локалитетот Гарнизон во Куманово.
– Врз основа на претходно изготвен план, изминатиот викенд полициски службеници од СВР Куманово во содејство со Државен пазарен инспекторат и Државен инспекторат за труд извршија контрола на угостителски објект во локалитет „Гарнизон“ во Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Притоа, како што додаваат извршено е легитимирање на 16 лица, при што било затекнато едно малолетно лице после 00:00 часот.
– Поради утврдени неправилности од страна на ДПИ било донесено решение за привремена забрана на вршење на дејност, стои во соопштението.
Никола Ивановски

