Зеленски: Погодивме руски логистички објекти, складишта за нафта и бродови во Црното Море

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, објави дека нападите со украински дронови со долг дострел врз руски логистички објекти и складиште за нафта во Московскиот регион дадоа резултати.

„Благодарение на борците на украинските сили за беспилотните системи, нашите разузнавачки служби, ракетните и артилериските единици, како и силите за специјални операции. Целите беа лоцирани на повеќе од 400 километри од нашата граница“, рече Зеленски во објава на социјалната мрежа X.

Тој додаде дека два танкери од руската „флота во сенка“ и четири товарни бродови беа погодени во Црното Море.

Зеленски рече дека Украина, како што изјави, „оправдано возвраќа“ на руските напади врз украинските градови и населби.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Сателитски снимки открија нов тежок удар за Русија: Украинците уништија уште еден руски бомбардер Ту-95 (ФОТО)

„На оваа војна мора да ѝ се стави крај, а тоа е можно само со зголемување на притисокот врз единствената причина за оваа војна, Русија“, рече украинскиот претседател, пренесе Танјуг.