Киев: Критична ситуација во Бахмут, отежната е испораката на оружје до единиците

Сподели со своите пријатели

Испораката на оружје за единиците на украинската армија во Бахмут е критична и во сегашната ситуација е тешко да се одбрани градот, изјави портпаролката на украинската механизирана бригада Хладни Јар Ирина Рибакова.

Loading...

За телевизијата „Рада“, Рибакова истакна дека веќе две недели тешко се доставува оружје и други залихи на Бахмут и дека поради тоа ситуацијата е критична, пренесе Тасс.

Киев не планира да ги повлече војниците од Бахмут во Доњецк, иако се соочува со проблеми со резервите на муниција, изјави денеска вршителот на должноста шеф на самопрогласената Доњецка Народна Република (ДНР) Денис Пушилин.

Пушилин за телевизијата „Русија-24“ изјави дека ситуацијата во Бахмут сѐ уште е тешка и комплицирана и дека нема знаци дека непријателот планира да ги повлече војниците.

Пушилин посочи дека е исклучително тешко да се снабдува со муниција и храна и да се донесат засилување на украинските војници по единствениот пат, кој сега е под уште посилна контрола на руската паравоена формација „Вагнер“, пренесе Тас.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.