Кејлеб Џозеф е најновото засилување на Кошаркарскиот клуб Куманово, информираат утринава од раководството на сино-белите.
Loading...
Дваесет и шестгодишниот американски интернационалец е висок 190 сантиметри, а игра на бековската позиција.
Во Куманово доаѓа од редовите на Хелиос Санс од Словенија каде изминатата сезона играше и во АБА лигата.
Освен во ростерот на Куманово засега се и имињата на Ѓорѓе Каплановиќ, Ѓукан Ѓукановиќ, Стеван Глигоријевиќ, Ненад Зивчевиќ и Андреј Настовски.