КБК Предатор ќе учествува на турнир во Србија со 20 натпреварувачи

Сподели со своите пријатели

Дваесет натпреварувачи и четворица тренери на Кик-бокс клубот „Предатор“ од Куманово претстојниот викенд ќе бидат дело од турнир во Србија.

Loading...

Станува збор за меѓународниот кик-бокс турнир „Балкан бест фајтер“ кој од 1 до 3 декември ќе се одржи во Јагодина, Република Србија.

КБК „Предатор“ ќе има натпреварувачи во низа категории.

Така во категоријата помлад кадет ќе учествуваат Михаил Симоновски, Марко Бојковски и Христина Бојковска.

Во категоријата постар кадет учество ќе земат: Вилиам Трајковски, Божин Зафировски, Макс Спасовски, Јосиф Велковски, Милан Миливојевски, Данило Методиевски, Данило Ѓуриќ,  Димитар Давитковски, Лара Цветковска, Андреа Георгиевска, Ива Јаќимовиќ, Мила Дичевска и Ева Милановска.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец со фалсификувани долари се коцкал во казино

Свои натпреварувачи клубот ќе има и во категоријата јуниори каде ќе се борат: Стефанија Стојановска, Леон Трифуновски, Филип Јакимовски и Стефан Јовчевски.

Дваесетмината натпреварувачи ќе заминат под менторство на тренерите Јован Крстевски, Оливера Свилар, Теодора Димковска и Стефан Максимовски.

– За овој турнир се подготвуваме интезивно цели пет недели и очекуваме многу медали, велат од КБК „Предатор“.

Loading...

Никола Ивановски