Казахстан планира да испорача 1,2 милиони тони нафта во Германија во 2024 година

Сподели со своите пријатели

Казахстан планира да испорача 1,2 милиони тони нафта во Германија преку нафтоводот Дружба следната година.

Loading...

Оваа информација ја соопшти заменик генералниот директор на КазтрансОил Амирџан Оспанов, пренесува Танјуг, повикувајќи се на Комерсант.

Нафтата ќе ја извезува казахстанскиот конзорциум Karachaganak Petroleum Operating, прецизира Оспанов.

Токаев најави зголемување на испораките

Казахстанската нафта од полето Карачаганак влегува во рускиот гасовод Дружба и минува низ Белорусија и Полска, патувајќи до својата крајна дестинација, германскиот град Швет.

Во јуни, казахстанскиот претседател Касим Џомарт Токаев рече дека неговата земја може да ги зголеми испораките на нафта во Германија преку нафтоводот Дружба на 1,2 милиони тони годишно.