Торнадо во Франција корнеше дрвја и носеше покриви (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Силно торнадо го погоди југозападниот дел на Франција, при што беа повредени 41 лице, додека стотици куќи беа оштетени.

Најтешко погодено беше селото Помас во департманот Од, каде што беа оштетени околу 300 згради, а повеќе од 120 членови на службите за итни случаи беа испратени на терен.

 

 

Според податоците од француската метеоролошка служба Метео-Франс, ветерот во блискиот град Аркет-ан-Вал достигна брзина од 117 километри на час.

Снимките од терен покажуваат моќен вртлог над куќите и дрвјата, додека по бурата се забележани корнети дрвја, оштетени автомобили и урнатини од згради.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ноќ на терор: Најмалку 47 лица убиени во напад на банда, се криеле во црква

 

 

Петнаесет повредени лица се пренесени во болница. Меѓу нив е и бремена жена врз која, според нејзиниот сопруг, се урна дел од куќата.

Француските власти издадоа портокалово предупредување за силни грмотевици на голема површина од југот и југозападот на земјата.

Околу 2.800 домаќинства во десет села останаа без електрична енергија, додека бројни патишта беа затворени или непроодни.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пукање во Монтана: Неколку лица убиени, вклучувајќи деца, куќата се запали по злосторството

Бурата го наруши и сообраќајот. Во департманот Од, третата етапа од велосипедската трка Вуелта а Еспања беше откажана откако обилните дождови ги принудија велосипедистите да побараат засолниште.

 

 

Доцнења и откажувања на летови беа регистрирани и на аеродромите во Бордо, Марсеј, Ница, Тулуз и Париз.

Според Метео-Франс, неколку десетици торнада ја погодуваат Франција секоја година.

Новата бура следеше по лето обележано со екстремни топлотни бранови и големи шумски пожари, особено на југозападот од земјата, каде што околу 42.000 хектари изгореа во еден од најголемите пожари од Втората светска војна.