Казахстан: Парламентот го укина имунитетот на семејството на поранешниот претседател Назарбаев

Сподели со своите пријатели

Парламентот на Казахстан денеска го укина законот со кој им гарантираше имунитет на членовите на семејството на поранешниот претседател на земјата, Нурсултан Назарбаев и му го одзеде статусот на лидер на нацијата.

Loading...

Со укинувањето на законот, пратениците и дозволија на државата да го замрзне имотот на семејството Назарбаев доколку тие се осомничени за кривично дело, пренесува Ројтерс.

Поранешниот претседател на Казахстан, Нурсултан Назарбаев (82) е заштитен со имунитет од евентуална истрага, но оваа одлука на парламентот му ја одзеде титулата „Јелбаш“, лидер на нацијата.

Укинувањето на овој закон може да ги загрижи трите ќерки на поранешниот претседател Назарбаев, кои поседуваат голем имот и се активни во бизнисот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Сателит на ЕСА утре ќе падне на Земјата

Според магазинот Форбс, Динара Кулибаева, една од ќерките на Назарбаев и нејзиниот сопруг Тимур се меѓу најбогатите луѓе во земјата.

Нурсултан Назарбаев беше на чело на Казахстан од 1989 до 2019 година и во неговите триесет години на власт изгради силен култ на личноста во земјата.

Назарбаев го назначи својот сојузник Касим-Жомарт Токаев за негов наследник на функцијата претседател, но нивниот однос се влоши по политичките немири во Казахстан во јануари 2022 година, кои однесоа животи на 238 луѓе.

Тогаш Токаев ја презеде функцијата шеф на Советот за безбедност и почна постепено да ги отстранува роднините и сојузниците на Назарбаев од важни позиции во земјата.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ајфеловата кула и денеска е затворена поради штрајк

Во септември 2022 година, Токаев го врати името на главниот град на Казахстан, Астана, кој претходно беше наречен Нур-султан, во чест на поранешниот претседател.

Парадоксално, во 2019 година, Токаев беше тој што инсистираше Астана да го носи името на поранешниот претседател и го смени името на главниот град во Нур-султан.