Катедралата Нотр Дам се отвора пет години по пожарот

Сподели со своите пријатели

Светската јавност ќе има можност за првпат да ја види на ТВ реставрираната париска катедрала Нотр Дам за време на турнеја на францускиот претседател Емануел Макрон по повод нејзиното претстојно отворање, пет и пол години по разорниот пожар, француски објавија денеска медиумите.

Loading...

Скапоцен камен на готската архитектура е интензивно реновиран, нудејќи им на посетителите обновен ентериер, објави Би-Би-Си.

Претседателот, придружуван од сопругата Брижит и парискиот надбискуп Лоран Улрих, ќе ја посети катедралата, со што ќе започне програмата на церемонии, чија кулминација ќе биде официјалното отворање на катедралата на 7 декември и одржувањето на првата католичка миса следниот ден.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кризата во Франција и Германија е закана за целата ЕУ

Откако Макрон ќе ја посети катедралата, чија реставрација чинеше 700 милиони евра, ќе одржи говор со благодарност до околу 1.300 занаетчии, работници и експерти кои работеа на нејзиното реновирање.

Обновената внатрешност на катедралата се чувала во тајност во текот на годините на реновирање, но оние кои ја виделе неодамна велат дека нејзиното осветлување е неверојатно, јавува Би-Би-Си.