Каспаров: Дали Америка ја тера војската на Путин да врши силување и етничко чистење?

Сподели со своите пријатели

Гари Каспаров, поранешен светски шампион во шах и жесток критичар на рускиот претседател Владимир Путин, ги коментираше руските напади врз украинската енергетска инфраструктура.

Loading...

„Украина напаѓа воени цели за да ја одбрани својата земја и народ од окупаторите кои вршат воени злосторства. Русија цели на енергетските системи, снабдувањето со храна и цивилите. Дали може да има појасна разлика и слика за тоа како изгледа злото?“ праша Каспаров.

„Дури и оние патетици кои се обидуваат да ги изедначат двете страни на неиспровоцираната инвазија на Путин немаат одговор. Дали НАТО или Америка ги принудуваат силите на Путин на силување и етничко чистење? Да бомбардираат трафостаници и гасоводи? Да гладуваат милиони во Африка и Азија? И не како колатерална штета, туку намерно“, објави поранешниот шаховски шампион.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Американскиот Конгрес одобри милијарди долари помош за Украина

 

 

„Неверојатно, но сè уште има луѓе кои велат дека Украина и нејзините сојузници треба да се предадат на руската окупација и геноцид, да ги наградат воените злосторства на Путин и да го охрабрат да направи повеќе, исто како што секогаш се случувало порано. Не. Во последните осум месеци, ние ги слушав западните лидери како се извинуваат што ги игнорираа заканите на Путин, за ескалацијата што директно доведе до оваа војна. И по која цена за Украина, која цена со животи и пари. А сепак, некои сакаат да ја повторат таа грешка“, објави Каспаров.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски им се заблагодари на САД за пакетот помош за Украина

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...