Фарај Џарџур починал на 22 март од срцев удар додека бил на одмор со своето семејство во Варадеро, Куба.
Еден месец подоцна, а неговото тело се уште го нема.
Семејството тврди дека им било испратено погрешно тело од Куба, а вистинските останки на Џарџур исчезнале.
Семејството, кое живее во Лавал, Квебек, било на плажата во одморалиштето Варадеро кога 68-годишникот доживеал срцев удар.
Во близина немало лекар и морале да чекаат час и половина пред да дојде брзата помош.
Потоа чекале уште седум часа за да го организираат транспортот на телото во Хавана, каде се наоѓала најблиската мртовечница.
Тие донесоа погрешно тело
Официјални лица од канадската амбасада ги советуваа веднаш да отпатуваат назад во Канада и да организираат транспорт на телото од таму дома.
Кога пристигнале во Канада, властите им рекле дека за транспортот на телото треба да платат 10.000 канадски долари (6.800 евра).
Семејството ја платило наведената сума, но канадските власти не контактирале со нив неколку недели.
Потоа биле информирани дека неговите посмртни останки ќе пристигнат на 18 април.
Но, телото што било предадено во Квебек, заедно со потврдата за смртта и патните документи, не му припаѓало на Џарџур.
Телото на маж со бујна коса, тетоважи и кој беше многу помлад од Џарџур пристигнало во погребалното претпријатие.
Руските конзуларни служби во Канада подоцна го идентификувале мажот како руски државјанин, пишува Би-Би-Си.
Ги обвини канадските власти за небрежност
Семејството наведува дека телото на неименуваниот Русин се уште е во Канада, додека од посмртните останки на Џарџур нема трага.
Таа ги обвини канадските власти за невнимание бидејќи конзуларните служби не им дошле поревносно на помош.
Канадските власти наведуваат дека во случај на смрт на канадски државјанин на Куба, амбасадата помага во трансферот на пари на локалните погребални служби.
На семејствата им било кажано да контактираат со Асистур, кубанската компанија за медицинско осигурување која била одговорна за доставување на телото.
Но, семејството никогаш не било во директен контакт со Аситура бидејќи целата логистика околу транспортот на телото била организирана од канадските власти.
Потрагата по посмртните останки на Фарај Џарџур продолжува.