Канада воведе санкции за службеници од анексираните региони

Сподели со своите пријатели

Канада воведе санкции против 35 функционери од регионите Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје, се наведува во соопштението на Министерството за надворешни работи.

Loading...

Како што се наведува, санкциите се воведени поради одржувањето на референдумот за припојување на тие четири украински региони кон Руската Федерација.

На списокот се највисоките функционери од тие области.

Да потсетиме, претседателот на Русија Владимир Путин вчера потпиша договори со лидерите на самопрогласените Народни републики Доњецк и Луганск (ДНР и ЛНР) Денис Пушилин и Леонид Пасечник и со шефовите на регионите Запорожје и Херсон Евгениј Балицки и Владимир Салда за присоединувањето на овие четири територии кон Руската Федерација.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина: За прв пат соборивме руски стратешки бомбардер Ту-22М3

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.