Американскиот потпретседател и кандидат на демократите Камала Харис собра 361 милион долари од речиси три милиони донатори во август, објави денеска нејзината кампања.
Тоа е повеќе од двојно повеќе од сумата што ја објави кампањата на нејзиниот противкандидат, републиканецот Доналд Трамп, со 130 милиони долари, пренесува ABC News.
Харис објави дека од почетокот на кампањата до крајот на август собрала вкупно 404 милиони долари донации, што е за 109 милиони долари повеќе од Доналд Трамп.
„Кандидатурата на потпретседателот Харис поттикна историска, широка и разновидна коалиција за кратко време, со ентузијазам, енергија и храброст што победува на тесни избори“, рече менаџерот на кампањата Џули Чавез Родригез во изјавата, пренесува Танјуг.
Таа посочи дека „секој тешко заработен долар“ на донатори се користи за придобивање на гласачите кои ќе одлучуваат за исходот од ноемвриските избори.
Бројките објавени од двете кампањи не ги вклучуваат целосните пријави на Федералната изборна комисија, кои треба да се достават подоцна овој месец.
Според ABC News, замената на актуелниот претседател Џо Бајден со Камала Харис како кандидат на Демократите и овозможи на партијата да ја смени предноста за собирање средства што Трамп претходно ја имаше.