Какво време носи првиот мајски викенд во Куманово?

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 21 до 28 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време со мала облачност.

Loading...

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи околу 8 степени, додека максималната дневна се очекува да достигне 25 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец нападнал полицајци, откако го привеле поради марихуана

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме сончево и многу топло време.

Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Температурата во утринските часови ќе се движи околу 10 степени, а максималната дневна ќе достигне дури 27 степени целзиусови.

Loading...

 

 

Сончево и многу топло време, но со мала облачност, ќе биде и во недела, кога ќе дува слаб до умерен ветер од југ и југозапад.

Утринската температура ќе се движи околу 10 степени, а дневниот максимум ќе остане на 27 степени целзиусови.

 

 

Loading...

Претежно топло време ќе се задржи и во текот на наредната недела, со услови за краткотрајна нестабилност во попладневните часови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен жител на Старо Нагоричане. Возел со 1,78 промили алкохол

Никола Ивановски