Какво време ќе имаме за претстојниот продолжен викенд?

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево и топло со мала локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме соночево и многу топло време.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утринската темпратура ќе се движи околу 15 степени, а максималната дневна ќе достигне високи 35 степени целзиусови.

 

 

И во сабота ќе имаме сончево и многу топло време со слаб до умерено засилен ветер од северен и североисточен правец.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Утре седница на Советот на Општина Куманово, ќе се именуваат членови на управни и надзорни одбори

Температурата во утринските часови ќе се движи околу 14 степени, а максимумот во текот на денот ќе се искачи до 36 степени целзиусови.

 

 

Недела носи исто така сончево и многу топло време со слаб до умерен ветер од северен и североисточен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 14 степени, а максималната ќе се искачи до високи 36 степени целзиусови.

 

 

И за време на продолжениот викенд, односно во понеделник ќе имаме сончево и многу топло време.

Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец, а температурата ќе се движи во интервал од минимални 14 до максимални 35 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Следната недела второ авионско прскање против комарци во Куманово

 

 

Следната работна недела носи уште повисоки температури, а топлотниот бран според најавите ќе трае до 8 август.

Никола Ивановски