Како Киев се подготвува за нестанок на струја?

Сподели со своите пријатели

Украинскиот енергетски систем со недели е под силни руски напади. Ова доведува до прекин на електричната енергија.

Loading...

Како луѓето се снаоѓаат и се подготвуваат за уште полоша вонредна ситуација?

Купив дополнителни надворешни батерии (пауербанк) за полнење на телефонот и соларна светилка која работи и со обични батерии. Се разбира, купив и многу свеќи. Од викендицата донесов вреќи за спиење и плинска боца, за да може нешто да се зготви“Но, ако има целосно затемнување, ќе одам на село каде што ќе можам да ја загреам куќата на дрва, вели Људмила Росик од Киев.

Во последниве месеци, руската војска се повеќе ја гаѓаше енергетската инфраструктура на Украина.

Според украинските власти, околу 40 отсто од зградите се веќе уништени.

Поради недостиг на струја, во многу градови, а особено во Киев, струја недостасува во илјадници станови.

Олександр Дјаченко, исто така од Киев, добро се подготви за ситуацијата.

По првите масовни напади на енергетскиот систем, тој купил напонски трансформатор за својот автомобил во октомври.

„Со тој уред можете да го полните вашиот лаптоп во автомобилот. Купив и шпорет и грејач на гас, како и батериски ламби“, вели тој. Но, пред се мислел на дебели, филц чизми.

Loading...

„Топлата облека е најважна, бидејќи за време на предупредување за воздушен напад можеби ќе треба да останете во ладен подрум“, објаснува Дјаченко.

Нема интернет

Проблемот што Олександар не може да го реши е пристапот на интернет за време на прекин на струја.

„Ако мојот Wi-Fi беше поврзан со кабел со оптички влакна, тогаш тој проблем би се решил со поврзување на рутерот со надворешна батерија. Но, за жал, немаме провајдер со оптички влакна. И мобилниот интернет постојано е во прекин. Потоа одиме до делот од градот каде што има струја. Таму можете да седите во кафуле и да користите интернет“, вели Олександр.

Украинските оператори за мобилна телефонија за ДВ објаснуваат дека нивните базни станици имаат батерии кои во случај на прекин на електричната енергија им овозможуваат да продолжат да работат уште неколку часа.

Од компаниите велат дека се обидуваат да го зголемат бројот на батерии и генератори, за што поефективно да спречат прекин на мобилниот интернет.

Во исто време, украинските власти сакаат да постават автономни Wi-Fi точки, кои ќе работат дури и при прекин на струја.

„Размислуваме за употреба на батерии Tesla-Powerwall и терминали Starlink, со цел да им овозможиме на овие јавни комуникациски точки во Украина да функционираат независно од електричната мрежа“, изјави украинскиот министер за дигитална трансформација Михаило Федоров во интервју за украинското издание на магазинот Форбс.

Според него, тие јавни Wi-Fi точки ќе бидат во функција следниот месец, но не прецизираше во кои градови. Веројатно ќе ги има во Киев.

Loading...

Гориво, генератори и точки за греење

Меѓу другото, администрацијата на главниот град Киев подготвува и поставува околу илјада пунктови каде граѓаните ќе можат да се загреат.

Тие треба да бидат обезбедени со неопходните работи – греалки, светилки, капење, кујни, места за одмор, топла облека и ќебиња.

Дополнително, во просториите треба да има и генератори на струја, а спасувачките екипи да бидат во близина за секој случај.

Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко рече дека градот веќе има резерви на гориво, генератори, храна и вода.

Кличко, сепак, признава дека тоа можеби не е доволно доколку градот биде целосно без струја и вода поради понатамошните руски напади. Затоа тој ги повикува луѓето да бидат подготвени за најлошото сценарио.

„Ако имате роднини и познаници во предградијата на Киев кои имаат сопствено водоснабдување, шпорет, греење, тогаш останете таму привремено. Ве молиме, направете кризен план за да можете да останете некое време со пријателите или познаниците“, изјави Кличко на украинската телевизија.

Градската управа на Киев подготвува и план за евакуација на три милиони жители во случај на целосно затемнување.

Ова неодамна го објави Њујорк Тајмс, повикувајќи се на Роман Ткачук, шеф на одделот за безбедност во градот.

Loading...

Подоцна тој самиот ја потврди оваа информација, но истакна дека засега нема причина за евакуација.

„Не се потпирајте на властите“

Евакуација во која ќе бидат вклучени три милиони луѓе во исто време е малку веројатна, вели Ихор Молодан, директор на „Автономниот клуб“, училиште за преживување.

„Треба да се грижите за себе. Не можете да се потпрете на властите. Прво треба да се снабдите со топла облека, но и да купите шатори и вреќи за спиење. Корисни се и печки за кампување, касети за гас и гас керамички греалки“, вели Молодан.

И Володимир Омелченко, експерт за енергија во истражувачкиот центар Расумков, исто така вели дека е подобро да се потпрете на себе.

„Во случај на прекин на струја во Киев, генераторите нема да можат да снабдуваат град со три милиони жители. Тие се потребни пред се за болниците, домовите за стари лица, за властите и армијата“, вели Омелченко.

Тој објаснува дека илјадници грејни тела се наменети само за околу 200.000 луѓе.

Loading...

Омелченко, сепак, нагласува дека мерките што ги преземаат киевските власти се точни. Не може повеќе да се направи.

„Ниту една градска власт во светот не може да се справи со последиците од целосно затемнување.

Во најлош случај, Олександр Дјаченко планира да го напушти главниот град и да оди во својата куќа на село.

„Веќе ги удвоив резервите на огревно дрво, купив шпорет на гас и плински боци. Таму ќе можам да се загреам и да готвам“, вели Дјаченко.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...