Како девојка од 25 години стана баба на три внуци? (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Кордни (25) отсекогаш го знаела Ван (59), живееле во ист град, но во 2016. година, кога започнала да ја интересира музиката, започнале и да се дружат. Неколку месеци подоцна веќе се во брак.

Студентката Кортни (25) неодамна се омажила за 59-годишниот Ван Тонтон и така станала „баба“ на три внуци, Сејди (14), Џуд (19) и Пруденс (2).

Но, иако разликата во годините е дури 34, Кортни вели дека со Ван во креветот и натаму е „многу жешко“.

https://www.instagram.com/p/Bj27UVEArMz/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_loading_state_control

– Никогаш не сум запознала маж кому не му е до секс. Тоа не престанува по 50. година. Се функционира и супер ни е како и на другите парови, објаснила таа за „Sun“.

Иако многу луѓе тврдат дека со Ван е само поради пари, Кортни признава дека поголем проблемс е другите жени.

– Бевме во супермаркет и самохрана мајка започна да му се нафрла затоа што мислеше дека е слатко што Ван за рака ја држи ќерка му, објаснува таа.

https://www.instagram.com/p/BiVch3qgaTD/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_loading_state_control

Кортни и Ван живеат во истиот град во Џорџија, а се запознале во 2016. година.

– Живееме во мал град па отсекогаш го знаев. Беше професор, но никогаш ми немаше предавано. Пред неколку години мојата тетка ме пријави на натпревар за убавина, а тој таму пушташе музика. Голема фаца е во нашата заедница, објаснува таа.

Кога во 2016. година започнала да ја интересира музиката знаела кому треба да се обрати. Станале пријатели и имале слична смисла за хумор.

– Понекогаш одевме заедно на вечера. Го прашав што мисли за тоа нашата врска да оди на повисоко ниво, а тој ме праша дали знам колку години има. Реков дека тоа не ми е важно и дека ме привлекува. Ми се допаѓа неговиот шарм и карактер, рекла Кортни.

Започнале да се забавуваат откако заедно гледале балет и започнале заедно да одат во џез клубови и на вечери, а Ван полека ја запознал и со семејството.

Ван, кој дв апати веќе се разведувал, ја прашал Кортни по само неколку месеци да се омажи за него.

– Веднаш кажав „да“. Тој е човекот со кој сакам да го поминам животот, рекла таа.

https://www.instagram.com/p/BNExRGxh3SE/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_loading_state_control

На венчавката дошле и нејзините родители, а како што вели, биле многу среќни. Нејзините пријатели исто така ја поддржуваат врската, но семејството на Ван не била воодушевена со новата „баба“.

Со време сепак ја прифатиле, а имаат и свои интерни шеги.

– Ван има внуци кои ме викаат „баба“. Но, тоа е само шега, објаснува.

Кортни изјавила и дека слушнале многу озборувања за нивната врска. Некои зборувале дека Ван и пришол кога била многу млада, а други дека таа го одвоила од поранешната сопруга.

Парот развил и популарен хештег #HusbandNotDad (сопруг, а не татко) кој на социјалните мрежи ги собира жените мажени за значително постари мажи.

Напишете коментар