Како да направите вкусна сарма на јапонски начин (видео)

Сподели со своите пријатели

Ролованата кисела зелка со мелено месо, во народот на Балкан познато како сарма, не било само типично јадење за овие простори. Еве и Јапонците имаат своја верзија на правење сарма, која е многу слична на нашата, но некако поразлична во делот на подготовка на смесата за полнење на листовите зелка.

Loading...

За да ги омекнат листовите, т.е да бидат меки за роловање, со оглед дека тие не ставаат зелка во буре за зима (а можеби и тоа го прават),  Јапонците исто како и ние користат топла вода и сол, но, потоа во подготовка на смесата, наместо да го упржат месото, тие го ставаат живо, замесено со јајце, и со оставање на смесата барем половина час во фрижидер.

Погледнете како тоа го прават креативните Јапонци.