Како да ја заштитите косата од влажниот воздух?

Сподели со своите пријатели

Ако сакате максимално да ја заштите косата од влага, прочитајте пет фризерски совети кои ќе ви помогнат да ја сочувате својата фризура.

Loading...

1. Не заборавајте на регенераторот

Тајната на правата коса се осликува во одржување на влажноста во косите. Не заборавајте редовно да го нанесувате регенераторот за коса, а против вплеткување иделен е оној кој не мора да се одмива.

Лајв-ин регенераторит за коса кои не мора да се испираат се најдобри за брзинско решение против вртената коса. Ако се плашите дека регераторот премногу ќе ја залепи косата со лицето и така ќе го намали нејзиниот волумен, нанесете го само од половина коса до врвовите.

2. Природно исушете ја косата

Пред да посегнете за фенот за коса, пуштете ги прамените барем малку да се исушат на воздух. Топлиот воздух од фенот значително ја суши косата, која потоа силно реагира на надворешното надразнување како голема количина на влага во воздухот, поради која косата тогаш многу повеќе се вплеткува.

По миењето, косата замотајте ја во пешкир и дозволете памукот максимално да ја впие влагата од прамените, а фенот употребете го кратко, за завршно сушење.

Loading...

3. Послужете се со серумот и маслата за коса

По миењето на косата на влакната нанесете серум или крема за коса богата со масла.

Експертите објаснуваат дека препаратите за нега на коса содржат масла кои на влакната им прават т.н. заштитен филм. Тој филм спречува продор на влагата и вплеткување на косата. Ваквите типови прозиводи се нанесуваат на чиста коса.

4. Употребете антифриз спреј

Спрееви против вплеткување на косата најдобро се решение против влагата во воздухот, која во рекорден рок може да ја расипе секоја фризура.

Овие производи веќе долго се користат во тропските земји, каде има големи количества влага во воздухот во текот на целата година. Антифриз спреевите спречуваат продирање на влагата во косите и така ја штитат од вртење. Спрејот најдобро е да се нанесе на влажна измиена коса.

Loading...

5. Лак за коса како СОС решение

Иако лаковите за коса не се пријатели на вашата коса затоа што ја сушат, овој производ за обликување на фризурата помага и во борба против вртење на косата предизвикано од влагата во воздухот.

Лакот на површината на косата создава заштитен слој кој спречува длабинско продирање на влагата.

На пазарот постојат и лакови за коса со споменатиот антифриз ефект кои имаат посилен ефект против вртењето на косата.

Leave a Reply