Премиерката на Естонија Каја Калас денеска поднесе оставка од таа функција.
Таа поднесе оставка до претседателот на таа земја, Алар Карис, а откако беше номинирана за висок претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, пишува естонскиот портал ERR.
Се зборува дека Калас кон крајот на летото ќе поднесе оставка и од функцијата претседател на Реформската партија.
Калас е премиер на Естонија од 2021 година и предводеше три последователни влади.
Порталот наведува и дека во тек се преговори меѓу Реформската партија, СДЕ, Еести 200 за продолжување на актуелната владејачка коалиција, а овие преговори во име на реформистите ги води Кристен Михал, која е предложена за претседател на Реформската партија.
Според процедурата, претседателот Карис ќе разговара со партиите, а потоа ќе го додели мандатот.
Новата влада треба да биде избрана на почетокот на август.