Каја Калас: ЕУ е подготвена повторно да ја отвори амбасадата во Дамаск

Сподели со своите пријатели

Европската унија е подготвена повторно да ја отвори својата амбасада во Дамаск, изјави денеска шефицата на европската дипломатија Каја Калас, нешто повеќе од една недела по падот на Башар ал Асад.

Loading...

Подготвени сме повторно да ја отвориме европската амбасада и сакаме таа повторно да биде целосно функционална“, изјави Калас пред Европскиот парламент во Стразбур.

„Не можеме да дозволиме вакуум во Сирија. ЕУ треба да биде присутна“, напиша Калас на мрежата Х.

Таа додаде дека ЕУ веќе претпазливо започнала дијалог со новите власти во Сирија и со граѓанското општество во таа земја.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пратеник на Европскиот парламент ги избриша чевлите од знамето на ЕУ и го запали (ВИДЕО)

Асад беше соборен на 8 декември по кратка кампања на бунтовничките сили кои влегоа во Дамаск. Тој и неговото семејство заминале во Русија каде што добил азил.