Кадиров: Непријателските пропагандни канали создаваат бајки од ведро небо

Сподели со своите пријатели

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров ги отфрли како „непријателска пропаганда“ извештаите дека неговите војници претрпеле големи загуби во неодамнешните борби во областа Луганск во источна Украина.

Loading...

Имено, тој синоќа на Телеграм објави видео во кое одговара на украинските тврдења дека во градот Лисичанск биле убиени многу чеченски војници од баталјонот Ахмат.

Генералштабот на Украина претходно тврдеше дека најмалку 30 чеченски борци биле убиени кога нивната единица била уништена, а до 15 биле ранети.

– Следам пораки на интернет. Пропагандните канали на непријателот се толку лесни што создаваат бајки од ведро небо. Сега пишуваат за стотици загинати чеченски борци кај Лисичанск. Не сакам ни да коментирам вакви приказни, но сепак, веројатно би требало. Па, барем да ги увериме сите адекватни и загрижени луѓе. Изјавувам дека тоа не е точно. Никој од нашите борци не е повреден во споменатото подрачје – рече Кадиров.

– Непријателските пропагандни канали измислуваат приказни. Сега пишуваат за стотици чеченски борци убиени кај Лисичанск… тоа не е точно. Да бидеме појасни: тоа не е точно. Ниту еден наш борец не е убиен во горенаведениот округ – додаде Кадиров и тврди дека чеченските одреди „добро работат“ во Украина, додавајќи дека неговите војници подготвуваат „уште изненадувања“ за украинските сили и предупреди дека тоа се не празни зборови.

Меѓународните и независните набљудувачи го обвинија Кадиров за тешки прекршувања на човековите права на неговата матична територија и пошироко.

Тој води значајни паравоени сили кои иако формално се дел од руските безбедносни структури, лично му се лојални.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...