Кац: Без мир во северните погранични градови на Израел, нема да има мир и во Бејрут

Сподели со своите пријатели

Израел смета дека Либан е одговорен за денешниот ракетен напад врз регионот Галилеја и ќе одговори силно на заканите за безбедноста на земјата, изјави израелскиот министер за одбрана, Израел Кац.

Loading...

„Ќе ја обезбедиме безбедноста на жителите на Галилеја и ќе дејствуваме силно против секоја закана“, рече тој во изјавата, според Тајмс оф Израел.

Кац нагласи дека без мир во северните погранични градови на Израел, „нема да има мир во Бејрут“.

Две ракети од Либан утринава биле истрелани врз северен Израел, откако биле активирани сирените во пограничните населби, соопшти израелската војска (ИД).

Според соопштението, една од ракетите била пресретната, а другата паднала на либанска територија, пишува Тајмс оф Израел.

Ова е втор напад од Либан во изминатата недела, откако на 22 март беа истрелани три ракети кон Метула, пренесува Танјуг.