Јужноафриканскиот претседател пристигна во Украина (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоса денеска пристигна во Украина како дел од африканската мировна мисија, објави Јужноафриканското претседателство на Твитер.

Loading...

Се очекува Рамафоза денеска да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски, а потоа во сабота да отпатува за Русија на разговори со претседателот Владимир Путин.

Јужноафриканското претседателство објави видео од пристигнувањето на Рамафоса по патувањето низ Полска.

Заедно со претседателот на Сенегал, Меки Сал, Рамафоса ја предводи делегацијата во која се лидерите на Замбија, Коморите и египетскиот премиер.

Повлекување на руските војници, откажување на налогот за апсење на Путин…

Според нацрт-документот што го видел Ројтерс, африканската мировна мисија најверојатно ќе предложи серија „мерки за градење доверба“.

Во документот се наведува дека целта на мисијата е „да ја промовира важноста на мирот и да ги охрабри страните да се согласат со процесот на дипломатски преговори“.

Тие мерки би можеле да вклучуваат повлекување на руските војници, отстранување на тактичкото нуклеарно оружје од Белорусија, суспендирање на налогот за апсење на Путин на Меѓународниот кривичен суд и олеснување на санкциите.

 

Loading...

 

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.