Јужнокорејската полиција размислува да издаде налог за апсење на претседателот Јун Сук-Јeол и да изврши рација во претседателската резиденција како дел од истрагата за обвиненијата за бунт против него по неуспешниот обид да се воведе воена состојба, изјави денеска официјален претставник.
Службеник на специјалниот истражен тим на Националната истражна канцеларија објави дека Jун е осомничен во истраги на полицијата, обвинителството и антикорупциското тело за неговото ненадејно прогласување вонредна состојба на 3 декември, која набрзо ја повлече под притисок, пренесува Јонхап.
На прашањето за можноста за издавање налог за апсење на Јун, службеникот им рече на новинарите дека се разгледува внатрешно.
Тој, исто така, објави дека бара можност да ја пребара резиденцијата на Џун и да издаде налог за одземање на неговите досиеја за комуникација или претседателот да се појави на сослушување.
Полициски службеници во средата се обиделе да влезат во канцеларијата на јужнокорејскиот претседател за да бараат материјал поврзан со уредбата за вонредна состојба, но службата за безбедност одбила да соработува, а полицијата добила ограничени документи.
Во јавното обраќање во четвртокот, Jун рече дека нема да поднесе оставка, дека неговите политички противници се „антидржавни сили“, бранејќи ја краткорочната воена состојба што ја воведе во земјата како правен потег за заштита на демократијата.
„Ќе се борам до крај“, рече Jун во говорот емитуван на државната телевизија, јави Танјуг.