Јужна Кореја ја претстави својата најмоќна балистичка ракета и друго оружје за време на церемонијата на Денот на вооружените сили, откако нејзиниот претседател Јун Сук-Јол предупреди дека севернокорејскиот „режим“ ќе пропадне доколку се обиде да користи нуклеарно оружје.
Презентацијата на оружје од Јужна Кореја и предупредувањето до Северна Кореја дојде откако Северот неодамна го обелодени својот капацитет за збогатување ураниум и тестираше ракети пред претседателските избори во САД во ноември, пишува АП.
„Ако Северна Кореја се обиде да употреби нуклеарно оружје, ќе се соочи со решителен одговор од нашата (Јужна Кореја) и нашиот сојузник, американската војска. Тој ден ќе биде крај на севернокорејскиот режим“, им рече Јун Сук-Јол на војниците кои беа собрани на воениот аеродром во близина на Сеул, пренесе Танјуг.
Изложени се 340 парчиња воена опрема и системи за оружје
За време на церемонијата, јужнокорејската армија покажа околу 340 парчиња воена опрема и системи за оружје.
Меѓу нив беше и нејзината најмоќна балистичка ракета, Hyunmoo-5, за која експертите велат дека може да носи боева глава тешка околу осум тони и може да навлезе длабоко во земјата и да ги уништи подземните бункери во Северна Кореја.
Ова е првпат Јужна Кореја да открие ракета.
Американските сили летаа со бомбардер Б-1Б за време на церемонијата.
Откако го презеде претседателството во 2022 година, Јун Сук-јел го зајакна воениот сојуз со САД и ја подобри трилатералната безбедносна соработка Сеул-Вашингтон-Токио.