Јужна Африка: 11 лица загинаа во несреќа во рудник за платина

Сподели со своите пријатели

Единаесет лица загинаа во јужноафрикански рудник за платина при уривање на лифт кој превезувал работници на крајот на работниот ден, соопшти денеска управата на рудникот „Импала платина“.

Loading...

„Во лифтот имало 86 работници, од кои 11 починале, додека останатите се пренесени во болници“, изјавил за Франс прес неименуван портпарол на компанијата, додавајќи дека некои од нив се тешко повредени.

Во окното длабоко околу илјада метри, на околу 150 километри северозападно од Јоханесбург, лифтот претходно неколкупати запираше за работниците да влезат на крајот од нивната смена.

Некаде на „третата станица“ лифтот наеднаш почнал да се враќа назад, изјави портпаролот, додавајќи дека е нов и автоматизиран и дека засега не се знае што го предизвикало падот.