Јужен Судан – Милион деца во борба со глад

Сподели со своите пријатели

Околу 1,4 милиони деца на возраст под пет години страдаат од неухранетост во Јужен Судан, кој се бори со „најтешката криза со глад“ поради честите поплави и вооружени конфликти, предупреди невладината организација „Спасете ги децата“.

Loading...

Најмладата земја во светот, жртва на политичко-етничко насилство и хронична нестабилност од нејзината независност од Судан во 2011 година, е опустошена од поплави четврта година по ред и сега зафати девет од десет нејзини држави.

Податоците на ОН покажуваат дека 8,9 милиони жители или 71 отсто од населението имаат потреба од хуманитарна помош.

– Меѓу нив има 1,4 милиони деца до пет години кои страдаат од неухранетост. Ситуацијата се влоши во последните месеци бидејќи повеќе од 615.000 луѓе четврта година по ред беа погодени од невидена поплава која уништи куќи, посеви и предизвика зголемување на случаите на маларија и каснување од змии – се вели во соопштението на организацијата „Спасете ги децата“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  СЗО предупреди за ширење на птичји грип кај луѓето

Валутата на таа источноафриканска земја годинава загуби 40 отсто од вредноста, што доведе до зголемување на цените на увозните производи, на што влијае и војната во Украина, посочува истиот извор.

– Јужен Судан е меѓу петте земји во светот најчувствителни на климатските промени – изјави директорот на организацијата Save the Children за Јужен Судан.

Светска банка наведува дека 80 отсто од 11-те милиони жители на земјата живееле во „екстремна сиромаштија“ во 2018 година.