Јавна дебата на темата „Квалитетно образование – квалитет што се слуша, а не се гледа“ утре во салата на Советот на Општина Куманово со почеток во 11:30 часот.
Во организација на ЏЕФ Македонија ова е трета од серијалот јавни дебати “Заслужуваме подобро образование!” организиран од здруженијата Центар за меѓуетничка толеранција и бегалци и Просветни работници Македонија.
На јавната дебата ќе говорат професорките Лидија Илијевска и Елизабета Секирарска, како и претседателката на ЏЕФ Македонија, Сања Богатиновска.