Научниците од Јапонија успеале да креираат нов вид на холограм кој може да се допира. Овие тродимензионални проекции или виртуелни објекти човековата рака може да ги почувствува.
Јапонските научници развиле систем на посебно светло на кое му го дале името „Fairy Lights“. Тој систем при поголеми брзини испушта ласерски одблесоци со висока резолуција кои имаат екстремно кратко време на траење (милионити дел од милијардитиот дел од секунда?!).
Тие одблесоци реагираат на допир на човековата рака. Кога раката ќе ја прекине проецијата таа може да манипулира со холограмските пиксели. Научниците веруваат дека оваа технологија би можела да има широка примена на пример во медицината, архитектурата, а посебно во забавната индустрија.
Сегашната состојба на технологијата на светлото не овозможува на луѓето проактивно да имаат интеракција со светлината, ниту да ја почувствуваат како материјал, но допирниот холограм има потенцијал да промени се. Вие не можете да ги почувствувате видеата и фотографиите кои ги емитува класичниот проектор. Но, кога би проектирале 3Д фотографија и да можете да ја допрете, тогаш можете да направите нешто и навистина да поверувате дека навистина е таму – изјавил др. Јоичи Очиаи од Универзитетот Тсукуба.
Тој верува дека таквата технологија во редовната употреба би го променила нашиот секојдневен живот.
Научниците на порталот „Pulse Headlines“ проценуваат дека со развојот на таквата технологија би можело да се креира холограмска компјутерска тастатура па така дури би можеле и преку холограм да допреме друга личност на голема одалеченост на пример при видео конверзација.
Горе наведениот портал вели дека и во минатото имало обиди со оваа технологија, но за сега тие ласери биле преопасни за човековата рака, но по се судејќи веќе не се.