Јамајка воведе вонредна состојба!

Сподели со своите пријатели

Премиерот на Јамајка Ендрју Холнес прогласи вонредна состојба во делови од главниот град Кингстон, како и во некои централни и западни области, со намера да го контролира растот на криминалот и насилството на одредени групи.

Loading...

Вонредната состојба им дава на властите повеќе овластувања, вклучително и можност за претрес на згради и апсења без налози, а мерките се однесуваат на областите кои вклучуваат популарни туристички дестинации како Монтего Беј, пишува Ројтерс.

„Видовме зголемување на криминалните активности на банди во овие области, што предизвикува голема загриженост“, рече премиерот на Јамајка.

Тој, исто така, предвиде зголемување на убиствата во следните неколку недели со почетокот на празничната сезона, кога насилниот криминал има тенденција да расте.

Полицискиот функционер Ентони Андерсон денеска изјави дека Јамајка забележала 1.360 убиства меѓу 1 јануари и 13 ноември, што е зголемување за 6,8 отсто во однос на истиот период во 2021 година, и дека 71 отсто од тие убиства е одговорно за насилството од бандите.

Групите за човекови права ги оспорија апсењата извршени за време на вонредната состојба.

Ројтерс известува дека Јамајка, која има една од највисоките стапки на убиства во регионот, се обидува да ги разбие бандите преку закони насочени кон организираниот криминал и нелегалното оружје.