Ја убил и изел пријателката: Никогаш не одговарал, а сега живее со друго име

Сподели со своите пријатели

Маж од Јапонија со години фантазирал за грозоморни злосторства. Кога дошол на колеџ во Франција, го постигнал тоа.

Loading...

Со помош на својот богат татко никогаш не завршил во затвор, а станал и познат.

Исеј Сагава во 1981 година ѝ признал на француската полиција дека убил колешка од колеџ.

„Ја убив за да можам да ја изедам“, им рекол тогаш. Тој рече дека омилена приказна од детството му била „Ивица и Марица“. Како што стареел, фантазиите за канибализам станале и сексуални. Тој фантазирал за средба со Грејс Кели.

 

 

На 23 години провалил во стан во Токио во кој живеела млада девојка од Германија. Носел маска.

Loading...

Пред да ја нападне, таа успеала да се разбуди и да го совлада. Потоа ѝ рекол на полицијата дека сакал сексуално да ја нападне, а неговиот богат татко ѝ платил на девојката да ги отфрли тужбите против него.

Ужасно злосторство во Париз

Сагава се преселил во Париз во 1977 година за да студира јазици и литература. Тој тогаш имал 28 години. Се запознал и се спријателувал со Рене, девојка од Холандија која често го посетувала и му давала инструкции на германски.

Но, на 11 јуни 1981 година, додека таа била во неговиот стан на вечера, Сагава ја застрелал во вратот.

– Размислував да повикам брза помош, но потоа си помислив: „Чекај, не биди глупав. Ова го сонуваш со години, а сега навистина се случува!“ – изјавил тој во полиција, пренесува Мирор.

 

 

Loading...

Имал сексуален однос со телото на мртвата девојка, по што изел неколку делови од телото. Ова го правел следните два дена, а потоа решил да се ослободи од телото.

Она што останало го ставил во два куфери и повикал такси. Ги остави куферите во парк. По некое време двајца минувачи забележале дека од куферот тече крв и повикале полиција.

Тој напишал морничав роман во психијатриското одделение

Не им требало долго време за да ја поврзат Сагава со убиството. Во истрагата им помогнал и таксистот.

При претрес во станот биле пронајдени остатоците од телото, како и личната карта на несреќната девојка. Бил уапсен, а следните две години бил под психијатриска опсервација.

Неговиот богат татко повторно се вклучил во се и ги ангажирал најдобрите адвокати да му помогнат.

Нивната цел била да го прогласат за луд и да ги отфрлат тужбите. Следните четири години Сагава ги поминал во најчуваното одделение на психијатриската болница, а додека бил таму напишал и илустрирал роман, приказна за маж кој силува жена, има секс со нејзиното тело, а потоа ја јаде.

 

Loading...

 

По слободата – слава

По некое време тој бил депортиран назад во Јапонија на психијатриска проценка. Таму утврдиле дека има растројство на личноста, но дека може да одговара пред суд за стореното дело. Но, француските власти не сакале да се мешаат и Сагава станал слободен човек во 1986 година.

Тој станал славна личност во Јапонија, па дури и глумел во порно филм во кој се преправал дека јаде жена.

Напишал нешто помалку од 20 книги и имал неделна колумна во јапонско списание. Бил на неколку емисии за готвење, пишувал критики за ресторани и продавал слики.

Loading...

Сагава денес има 72 години, го сменил името и живее во Токио. Него го чува помалиот брат, а пред неколку години имал и мозочен удар.